Венецуела бара помош од Кина на патот кон БРИКС

Фото ЕПА

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денеска изјави дека сака Кина да ја поддржи Венецуела во нејзините напори да се приклучи на групата БРИКС и додаде дека постоечките односи меѓу Кина и Венецуела можат да послужат за зајакнување на тој блок.

Мадуро, кој е во официјална посета на Кина, изјави дека Венецуела ќе стане членка на БРИКС како земја со најголеми резерви на нафта во светот, пренесува Блумберг. Тој изрази надеж дека кинеските инвестиции во Латинска Америка и Карибите ќе се зголемат.

Бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва претходно годинава изјави дека ќе ја поддржи кандидатурата на Венецуела да се приклучи на БРИКС, чии членки сега се Бразил, Индија, Кина, Јужна Африка и Русија, а од 1 јануари следната година, членки ќе бидат и Иран, Саудиска Арабија, Аргентина, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Етиопија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот