Вељановски: Во текот на предизборната кампања во Србија јавните функционери ги имаше во медиумите повеќе отколку што е коректно

Раде Вељановски, претседател на Привременото надзорно тело за следење на медиумите за време на изборната кампања во Србија/Фото: Скриншот

Раде Вељановски, претседател на Привременото надзорно тело за следење на медиумите за време на изборната кампања во Србија, оцени дека во медиумите во последните денови може да се видат сите политички чинители, но и дека во текот на кампањата на телевизиите со национално покривање, носителите на највисоките јавни функции ги имало „повеќе отколку што е коректно“.

Вељановски изјави дека според податоците од мониторингот на медиумите, до 30 март до 60 отсто од информативната програма на одредени телевизии била посветена на носителите на највисоките државни функции.

„Забележавме дека има значително повеќе носители на јавни функции отколку што е коректно, а имавме различни мислења со претставниците на Регулаторното тело за електронски медиуми во рамките на Привременото надзорно тело, кои зголемениот процент на носители на јавни функции го толкуваа како потреба да се изјаснат за кризата во Украина“, изјави Вељановски за Радио-телевизијата Војводина (РТВ).

Тој оцени дека „отворање фабрики и болници, возови и поставување камен-темелник“ не може да се подведе под изјавите на највисоките државни функционери за конфликтот во Украина, туку дека тие се „типични“ примери за функционерска кампања.

Вељановски додаде дека во однос на изборниот циклус во 2020 година, кога мнозинството од опозицијата го бојкотираше гласањето, сега се гледа „многу поголем ентузијазам за излегување на избори“.

„Сите политички актери може да се видат во сите медиуми во последните 10 до 15 дена, но невозможно е да се избрише фактот дека со месеци, па и години наназад ситуацијата беше драстично поинаква“, рече претседателот на Привременото надзорно тело за следење на медиумите за време на изборната кампања.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот