Фото ЕПА

Велика Британија воздржана од гласањето во Советот за безбедност на ОН за војната меѓу Израел и Хамас, Ердоган со забелешки за гласањето

Велика Британија се воздржа од гласањето во Советот за безбедност на ОН за војната меѓу Израел и Хамас, бидејќи „треба да биде појасно“ за правата на Израел да се бранат.

Советот, кој има 15 членки, гласаше за нацрт-резолуција со која ќе се осуди Хамас и секое насилство врз сите цивили, како и да се изврши притисок за хуманитарна помош за Палестинците во Газа.

САД ставија вето на резолуцијата, додека Велика Британија и Русија беа воздржани.

Објаснувајќи ја одлуката, амбасадорката на Велика Британија во ОН Барбара Вудворд рече дека „треба да биде појасно за загарантираното право на Израел на самоодбрана во согласност со Повелбата на ОН, откако во нападите на Хамас загинаа над 1.400 луѓе, а речиси 200 луѓе се заложници“.

Таа рече дека исто така се игнорирал фактот дека Хамас „користи невини палестински цивили како жив штит“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди Советот за безбедност на ОН поради неусвојувањето на резолуцијата за хуманитарна пауза во војната во Газа, јави Ал Џезира.

Турските напори за воспоставување смиреност во регионот се попречени од „колективното казнување“ на Палестинците преку воздушни напади и распоредувањето на американски носачи на авиони во регионот, рече Ердоган.

– Советот за безбедност на Обединетите нации, кој стана уште понеефикасен, уште еднаш не ја исполни својата одговорност. Западните земји, кои не оставаат непревртен камен кога станува збор за човековите права и слободи, не презедоа никакви чекори освен долевање масло на огнот, истакна турскиот претседател.

Ердоган, исто така, го критикуваше „пристрасното и дволично“ медиумско покривање на конфликтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот