
Вдовицата на Оливер Драгојевиќ откри: Ме изневеруваше со неа, ми требаа 10 години тоа да го преболам
Вдовицата на хрватскиот кантавтор Оливер Драгојевиќ отворено зборувала за тоа за хрватските медиуми, а меѓу другото нагласила дека ѝ биле потребни 10 години да го преболи неверството на пејачот, пишува „Б92“.
Препорачано
Весна и Оливер Драгојевиќ се запознале во 1973 година, набрзо се венчале и останале заедно до неговата смрт, а помалку е познато дека пејачот кој ја освојуваше публиката со своите романтични далматински шансони водел живот со контроверзии.
Имено, Оливер, кој се трудеше максимално да го одржи имиџот на семеен човек, во 2006 година го погоди скандал, поради што неговиот брак за малку ќе се распаднеше. Протекоа информации дека водел паралелен живот, а имал афера со поранешната манекенка Бранка Мариќ Мути, која изјавила дека таа е најголемата љубов на пејачот.
„Во текот на сите тие години честопати завршував во прва помош поради стрес и нервоза. Долго време се обидував да сфатам зошто Оливер се сврте кон друга жена, но на крајот сфатив дека се работи за неговата незрелост и несигурност“, рекла своевремено Весна за еден хрватски портал.
Следеле меѓусебни судски тужби, Бранка тврдела дека брачната двојка оставала заканувачки пораки, кои семејството Драгојевиќ ги негирале и поднеле противтужба поради претрпената душевна болка, која ја платиле по долгогодишни судски спорови.
„Никогаш не сакав да зборувам за својот живот надвор од сцената, но поради комбинација на чудни и неморални околности, се најдов во центарот на скандал што го инсценираа други. Мојата интимност е, пред сè, моја работа и сè што треба ќе решам во своите четири ѕида и со оние што ги засега, а оние што се „грижат“ ќе останат гладни за сензација“, изјавил тогаш Оливер и ставил крај на целата приказна.
View this post on Instagram
Познатиот пејач Оливер Драгојевиќ почина пред четири години по тешко боледување, на 71 година. Пејачот и Весна беа во брак 44 години, во кој ги добија синовите Дино, Дамир и Давор.
ФОТО | Сопругата на Оливер Драгојевиќ со емотивна објава: Ти и јас, до вечноста