Васко Ковачевски не е предложен за амбасадор во Париз

Васко Ковачевски, директор на ЕСМ / фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, нема да биде нов амбасадор во Париз, а таа информација е шпекулација, велат извори од Владата за „Локално“, откако вчера повеќе медиуми блиски до опозицијата објавија дека Ковачевски бил предложен за испраќање на дипломатската задача во Франција.

Анбасадорското место во Париз е празно откако Владата таму планираше да го испрати поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Виктор Димовски, но не го стори тоа, по скандалот со доделувањето македонско државјанство на контроверзниот руско-украински бизнисмен Олександр Онишченко.

Надзорниот одбор на ЕСМ го назначи Васко Ковачевски за претседател на Управниот одбор и за генерален директор во јули 2019 година, функција на која дојде од местото директор на РЕК „Битола“, каде беше назначен во јануари 2018 година. Неодамна неговото место во ЕСМ го предезе Васко Стефанов.

Покрај Ковачевски, се шпекулираше и со имињата на уште неколку поранешни функционери, кои би заминале на амбасадорските места. Беше објавено името на Андреј Жерновски, кој претходно се споменуваше за кандидат за амбасадор во Србија, дека сега наводно ќе биде пратен во Романија, а во Белград наводно ќе се сели и довчерашниот министер за правда, Никола Тупанчески.

Тупанчески номиниран за амбасадор во Белград, Жерновски за Букурешт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот