Вархеји утре ќе го претстави Пакетот за проширување за 2021, кој вклучува извештаи од ЕК

Оливер Вархеји / Фото: Архива

Европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји утре ќе го претстави Пакетот за проширување за 2021 година, кој вклучува извештаи од Европската комисија за земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во Европската унија.

Во својот говор пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ), се очекува Вархеји да ја потврди посветеноста на ЕУ кон процесот на проширување, се додека земјите кандидати спроведуваат кредибилни реформи и го почитуваат владеењето на правото, соопшти АФЕТ.

Пакетот за проширување усвоен од ЕК секоја година вклучува проценка на ситуацијата во процесот на пристапување и спроведување на реформите во седум земји кои сакаат да се приклучат на ЕУ.

По оценката на Комисијата за реформите во секоја земја која е во процес на европска интеграција, известувачите од АФЕТ ќе изготват нацрт-резолуции за тие земји со заклучоци и препораки од Европскиот парламент.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот