„Црвено-црните“ ги добија потребните бодови против Тиквеш за нова шампионска титула/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вардар по 15 пат шампион на Македонија, двојна круна за „црвено-црните“

Денеска во последниот натпревар од машката ракометна Суперлига на Македонија екипата на Вардар 1961 триумфираше над Тиквеш со резултат 37:25.

Најефикасни во победничките редови беа Филип Талески и Тимур Дибиров со по 10 голови, а на спротивната страна Страхиња Симиќ реализираше седум.

На тој начин скопските „црвено-црни“ ја обезбедија 15 титула во својата клупска историја. Воедно ја комплетираа двојната круна откако претходно беа најдобри сезонава и во националниот Куп.

Играчите предводени од тренерот Давид Дејвис ја задржаа предноста од еден бод зад најголемиот конкурент за тронот, Е. Пелистер. Клучна победа за вардаровите играчи беше онаа во Битола на 1 мај против составот на Жељко Бабиќ (23:26).

Зад Вардарци на вечната листа освојувачи на трофеи во првенството во нашата земја се Металург и Пелистер со по шест титули, а по една имаат Борец и Преспа.

Официјално: Французите ќе го напуштат Вардар, како и Додиќ и Валчак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот