фото: EPA/TOLGA AKMEN

Ван Дајк: Откако Нуњез и Дијаз си заминаа, сигурно ни треба нов напаѓач

Капитенот на фудбалерите на Ливерпул, Виржил ван Дајк, побара голем трансфер по поразот на неговиот тим во Комјунити шилд против Кристал палас во неделата.

„Црвените“ го претрпеа својот втор последователен пораз на Вембли од Кристал палас.

По натпреварот, некои навивачи на Ливерпул објаснија како сметаат дека на нивниот тим сега му недостасуваат напаѓачки опции од клупата по заминувањето на Дарвин Нуњез и Луис Дијаз.

– Мразам да губам, а моите последни два натпревари на Вембли не се добри. Откако Нуњез и Дијаз си заминаа, сигурно ни треба нов напаѓач ова лето – рече Ван Дајк за ТалкСпорт.

Секако, се чини дека има еден човек за кој Ливерпул е заинтересиран, за кого се шпекулира веќе подолг период, а тоа е напаѓачот на Њукасл, Александер Исак (25).

Исак беше предмет на интерес од Ливерпул во текот на летниот преоден рок, а последната понуда од „Црвените“ од 110 милиони фунти плус бонуси беше одбиена од Њукасл.

ВИДЕО | Кристал палас го урна Ливерпул на „Вембли“ и го освои Комјунити шилд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот