Валас: Загриженоста на Турција за Шведска и Финска може да се реши

ердоган нато турција
Ердоган / EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD / POOL

Британскиот министер за одбрана Бен Валас денеска изјави дека верува оти постои начин да се реши загриженоста на Турција во врска со приемот на Шведска и Финска во НАТО.

„Мислам дека постои начин. Мислам дека ќе дојдеме до тоа на крајот и многу е важно да ги слушаме сите членови и нивните грижи во процесот. Ние секако ќе ја сослушаме Турција“, рече Валас во говорот во британскиот парламент.

Тој додаде дека за тоа ќе разговара со турскиот министер за одбрана.

Претходно денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Анкара им кажала на своите сојузници дека ќе даде негативен одговор на прашањето за членството на Шведска и Финска во НАТО.

Тој ги обвини двете земји дека кријат и финансираат „терористи”, како и дека ги снабдуваат со оружје, зборувајќи за милитантната Курдската работничка партија (ПКК) и сириската курдска милиција (ИПГ), за кои тврди дека се тесно поврзани.

„НАТО е безбедносен сојуз и не можеме да прифатиме во него да има терористи“, рече Ердоган.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот