Валандовчанец возел дрво пијан со 3,53 промили алкохол во крвта

Фото: МВР

Четириесет и петгодишен маж од валандовското село Јосифово е приведен откако полицискиот дрегер покажал дека има 3.53 промили алкохол во крвта.

„На 30.10.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Б.(45) од село Јосифово, валандовско. Околу 22.00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, тој со патничко возило „фиат“, со гевгелиски регистарски ознаки, застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајотТој бил затекнат во неконтактибилна состојба и при укажување помош во Итна медицинска помош Неготино било констатирано дека има 3.53 промили алкохол во крвта, по што биле лишен од слобода“, информираат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот