Ужасен биланс: Петриња ја затресоа 374 земјотреси во пет дена, 109 во последните 48 часа

30 декември 2020. Петриња, Хрватска / ФОТО: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Петрињското епицентрално подрачје од 28 декември го погодија 374 земјотреси, а дури 109 во последните два дена, покажуваат прелиминарните податоци кои денеска ги објави Геофизичкиот отсек на Природно – математичкиот факултет во Загреб.

Првиот земјотрес на подрачјето на Петриња е забележан на 28 декември, со јачина од 5 степени по Рихтер во 06.28 часот.

Најсилниот потрес ги погоди Петриња, Глина и Сисак утредента, на 29 декември, во 12.19 часот со јачина од 6,2 степени, со епицентар 5 километри југозападно од Петриња на длабочина од 11,5 километри, пренесе агенцијата Хина.

По тој потрес, подрачјето до 31. декември го погодина 265 земјотреси посилни од 1 степен.

На Нова година тоа подрачје се затресе 69 пати, а на 2. јануари до 14 часот се забележани 40 земјотреси.

Мистеријата на раседите: Снимките откриваат зошто земјотресот го уништи градот Петриња, и какви поместувања настанале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот