Ужас во Кенија: Пронајдени 47 тела на верници кои верувале дека ќе одат во рајот доколку умрат од глад

Кенија суша/ Фото EPA-EFE/Daniel Irungu

Кениската полиција ексхумираше 47 тела на луѓе за кои се верува дека припаѓаат на христијанска секта, кои верувале дека ќе одат во рајот ако се изгладнат до смрт, пренесува Ројтерс. Во петокот, полицијата почнала да ископува човечки останки во шумата Шакахола во близина на крајбрежниот град Малинди.

„Вкупно 47 лица загинаа во шумата Шакахола“, изјави полицискиот истражител Чарлс Камау за Ројтерс. Ексхумациите се уште се во тек, додаде тој. Претходно овој месец, полицијата спасила 15 следбеници на Меѓународната црква „Добри вести“, на кои им било речено да умрат од глад.

Четворица од нив починале пред да стигнат во болница, соопшти полицијата. Црковниот водач Пол Мекензи беше уапсен по извештаите за плитки гробници во кои имало најмалку 30 следбеници. Локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори, објавија дека Мекензи одбил да јаде или пие во полицискиот притвор.

Министерот за внатрешни работи Китуре Киндики рече дека целата шума од околу 3.200 квадратни метри е затворена и прогласена за место на злосторство.

„Оваа страшна црна дамка на нашата совест мора да доведе не само до најстроги казни за сторителите на ова злосторство врз толку многу невини души, туку и до построга регулација (вклучувајќи и саморегулација) на секоја црква, џамија, храм или синагога од сега натаму“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот