Ужас во Италија: Две девојчиња групно силувани на одмор додека биле на забава во куќа

Фото: Архива на Слободен печат

Полицијата покрена истрага, но одби да даде било какви детали за случајот.

Две малолетни девојчиња од Велика Британија се наоѓаат во болница откако наводно групно се силувани додека биле на одмор во Италија.

Индицентот се случил додека девојчињата биле на одмор во Маркони, град на брегот во регионот Базиликате во Италија, пренесува британски Сан.

Девојчињата, чија возраст не е позната, наводно биле на приватна журка во куќа пред неколку ноќи.

Засега не е познато дали нападот се случил на забавата или на друго место.

По инцидентот во кој група деца ги удирале и шутирале, девојчињата се вратиле на местото каде престојувале и повикале полиција, а медицинските работници се повикани на самото место да помогнат.

Според пишувањето на локалнтие медиуми, лекувани се од здобиените повреди и шок.

После тоа се префрлени во болница, во која се уште се сместени.

Полицијата покрена истрага, но одби да даде било какви детали за случајот.

Засега не е познато дали некој е уапсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот