Грчка полиција / Фото EPA-EFE/ALEXANDER BELTES

Ужас во Атина: трудница избодена со вилушка по лицето, едвај преживеала

Како што опишале медицинските сестри што ја посетиле на одделението, жртвата имала стотици убоди со вилушка по лицето и доколку нејзиниот партнер продолжел, ќе ја убиел.

Трудницата Георгијана (39) од Грција, која е во третиот месец од бременоста, се наоѓа во болницата „Атикон“ откако во понеделникот навечер нејзиниот партнер (43) ја нападнал и избол со вилушка, пренесе Телеграф.

Тој наводно ја избол трудницата повеќепати по лицето, поради што таа со тешки повреди била примена во болница. Вчера ѝ била извршена операција на окото и, според информациите, видот ѝ бил вратен на левото око, но постои опасност да го изгуби десното, додека фетусот што го носи не е во опасност.

Како што опишале медицинските сестри што ја посетиле на одделението, жртвата имала стотици убоди со вилушка по лицето и доколку нејзиниот партнер продолжел, ќе ја убиел.

Наводно, таа им рекла на лекарите кои ја прегледале во итната служба во раните утрински часови во вторникот дека излегла гола на улица и трчала за да си го спаси животот.

„Вчера операцијата траеше повеќе од два и пол часа. Со левото око може да гледа и отворено е. Десното е затворено и не знаеме што ќе биде со него. Се надеваме дека сè ќе биде во ред“, изјавиле медицинските сестри.

Тие велат дека ова е ужасен инцидент со кој првпат се соочуваат.

„Чудо е што преживеа. Целото лице ѝ беше избодено. Тој човек ја удирал со толкава омраза. Сакал да ја убие, да ѝ го одземе животот“, посочуваат тие.

Во итната помош се јавила во три часот по полноќ, кажувајќи дека гола побегнала од куќата за да се спаси.

Според информациите, нападот започнал во понеделникот навечер, кога 43-годишниот партнер, кој бил пијан, отишол во куќата на 39-годишната бремена партнерка во Нео Психико и ја прашал дали тој е таткото на детето што го носи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот