Утринските температури под нулата, во Берово минус осум, во Скопје минус пет

Речиси во целата држава утринава минималните температури се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -8 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Крива Паланка се измерени -6 степени, во Петровец Скопје -5, а на Зајчев Рид -4 степени. Четири степени под нулата се измерени и во Битола, Штип, Демир Капија, Струмица, Куманово и Лазарополе, а -3 степени во Тетово, Маврово, Прилеп и Крушево.

Во Гевгелија и Дебар утринава температурата се спуштила до -2 степена, а во Охрид и Виница до -1 степен. Најтопол утринава е Дојран со 2 степена над нулата и Претор со нула степени.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне, облачноста ќе се зголемува. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 9 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот