УТРИНСКИ БРИФИНГ | Кичевски: Бесплатно такси за тие што ќе рециклираат

Васко Кичевски, директор на ПОЦ / Утрински брифинг

Пред неколку дена стартуваше караванот насловен „Green Hour“ на јавното претпријатие „Паркинзина Општина Центар“ и Општина Центар.

Целта е да се промовира новата “Green pay“ платежната картичка со која се предвидува активно вклучување на граѓаните во процесот на рециклирање, а со тоа и во зачувување на животната средина.

Новата картичка нуди низа поволности на своите корисници, а преку повратните вендинг машини жителите на Општина Центар можат да рециклираат PET пластични шишиња и лименки, за што ќе добијат субвенции од Општина Центар на нивната Green Pay платежна картичка. На оваа тема денеска во Утрински брифинг разговаравме со директорот на Паркинзи во Општина Центар, Васко Кичевски.

Караванот тргна и според најавите ќе трае десет дена.

-Без оваа картичка не можете да ги користите овие вендинг машини. Центар ве мотивира со денар до денар ипол зависно од големината на шишето. Тоа е ребрендирање на М картичката и зголемување на нејзините опции и можности. Граѓаните можат да користат попусти во некои продавници. На пример, можете да рециклирате и бесплатно да се возите во такси, вели Кичевски.

Кичевски за Утрински бригинг најави дека картичката може да ја користат сите жители на Општина Центар, а се користи само во Центар затоа што Општина Центар го субвенционира овој проект. Инаку, картичата може да се добие во општината, а аплицирањето за неа може да се направи и онлајн и во општината.

-Картичката може да се дополни онлајн, но и преку апликација за телефон. Можете да ја симнете и да си ја надополните. Повеќе информации граѓаните можат да добијат на green.poc.mk, каде можат да се видат сите услови што ги нуди картичката. Пред сѐ, тоа се 100 бесплатни часа за паркирање со самото купување на картичката што чини 300 денари, а се користи за гостински билет, односно цената за паркирање би била 3,3 денари од час, вели Кичевски за Утрински брифинг.

Гостите се најавуваат онлајн и преку контакт центарот на ПОЦ, каде што службеник ве води низ самиот процес. На самата апликација има грин пеј копче и самото ве води низ процесот. Во утринските часови гости може да се најавуваат на 2 часа, а попладне неограничен број гости, а причината е за да не се злоупотребува за оние кои одат на работа па цел се паркирани.

-До денеска се активни 11 вакви апарати. Побарано е ЕВН да ги приклучи и останатите до вкупно 21 апарат на различни  локации во Центар. Тоа е доволно за општината . Ова е почеток на една голема приказна која во европските држави е почната одамна. Веќе и државата се вклучува со одредени закони за рециклирање и го поттикнува самиот процес, вели Кичевски.

Повратот на средства за рециклирано шише или лименка зависи од габаритот на самата пластика и се движи од 0,5 денари до 1,5 денар за шишиња од 2,5 литри и повеќе. Веќе се рециклирани 370.000 шишиња и 2000 луѓе веќе се приклучени во проектот а таргетот на општината е годинава да се приклучат 4000 корисници.

Повеќе во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот