Уставните судии да ги вратат парите од покачувањата кои не им припаѓаат, велат од опозицијата

Фото: МИА

Додека во земјава народот се вори за живот тие немаат право да си ги покачат парите. Луѓе умираат и губат животи на постела барајќи донации а уставните судии спротивно на закон си изгласале покачување на платите за себе, велат од опозицијата.

-На земјава со водство на Заев не и треба втора пљачка со хонорари како што беше СЈО Дополнително Уставните судии треба да ги почитуваат Уставот и законите, а не да ги кршат. Гласањето на додаток на плата е незаконски. Секое покачување на плата или измени во тој дел треба да помине во Собрание, сè друго е кршење на законите. Дали со ваквите додатоци на плата треба да и се угоди на Кацарска која СДСМ сака да ја избере за Уставен судија, па покрај загарантираниот мандат од 9 години, таа треба да добие и повисока плата?! Бараме веднаш да се укине ваквата одлука, и Министерството за финансии да не постапува по истата при исплата на платите- велат од опозицијата.

Одлуката била донесена на 22 октомври и била вметната во Деловникот за работа. Како што објасниле од таму, сакале да имаат исти права како преостанатите судии и обвинители.

Без законски да одобри Собранието, уставните судии си изгласале 35 отсто додатоци на плата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот