Без законски да одобри Собранието, уставните судии си изгласале 35 отсто додатоци на плата

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Уставни судии си изгласале додатоци на плата во висиона од 35 отсто, објави СДК,  но без тоа одлуката да им биде одобрена законски од Собранието.

Одлуката била донесена на 22 октомври и била вметната во Деловникот за работа. Како што објасниле од таму, сакале да имаат исти права како преостанатите судии и обвинители.

За уставните судии не постои таков закон, како за судиите и обвинителите, чии надоместоци се регулирани со посебни закони за плати, поради ризиците кои ги носи нивното работење.

Уставните судии земаат поголеми плати од обвинителите и од редовните судии во основните, апелационите, управните судови и во Врховниот суд, а и нема ризик по нивната работа бидејќи не сослушуваат обвинети, не одредуваат притвор, не судат за организиран криминал, ниту за корупција, убиства, силувања, педофилија.

Надоместоците од 35 отсто ќе следуваат за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот