Условна казна и препорака за лекарска помош за манијакот кој се самозадоволуваше пред девојчиња

Фото: Принтскрин, Макфакс

Манијакот кој во неколку наврати се самозадоволувал пред девојчиња во автобуси и на други јавни места ја призна вината и се покаја за стореното. Тој вети дека нема да го повтори делото и побара ублажување на казната.

Судијката Љубинка Башевска која го води случајот ги зема предвид возраста, семејната материјална состојба, извинувањето и каењето и смета дека му е потребна лекарска помош. Од таа причина, обвинетиот е ослободен, но со предупредување дека ако направи исто или случно дело ќе заврши во затвор.

Манијакот Сонер Арсла има 30 години, роден е во Турција. Најмладата жртва на Сонер има 19 години, додека највозрасната 24 години.

МВР пред една недела информираше дека лицето С.А(30) е осомничен дека во неколку наврати се самозадоволувал пред женски лица.

Тој беше задржан во полициска станица и во присуство на Јавен обвинител било извршено негово препознавање од страна на оштетените.

Поднесена беше е кривична пријава, а од страна на судија му беше определена мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот