Уште се трага по крадците на 3.500 литри турбинско масло во ТЕЦ „Неготино” во јули

Фото: 24.mk

Се работи на расчистување на случајот со украденото турбинско масло во кругот на ТЕЦ „Неготино” во јули, се вели во писмениот одговор од СВР Велес до МИА на прашањето до каде е истрагата околу кражбата.

Во врска со прашањето за кражбата на турбинско масло во ТЕЦ „Неготино” информираме дека се работи на расчистување на случајот, по што јавноста ќе биде навремено информирана, се вели во писмениот одговор испратен до МИА од портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

МИА претходно, во месец јули, информираше дека во полиција била пријавена кражба на турбинско масло, во кругот на ТЕЦ „Неготино”.

На 13.07.2022 година во 12 часот, од страна на лицето Н.A е пријавено дека во кругот на АД ТЕЦ „Неготино”, има кражба на турбинско масло, кое било складирано во резервоар и тоа по нивно интерно мерење, недостасуваат 3.500 литри турбинско масло, соопшти тогаш СВР Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот