
Уште една потресна приказна во семејството: Ќерката на Пол Вокер проговори за борбата со туморот
Секогаш ќе нè следи чувството на трагедија кога ќе се спомне името на прерано починатиот актер Пол Вокер од фимската сага „Брзи и бесни“, но сега чувството се надополнува по скорешната потресна изјава на неговата ќерка Медоу.
Препорачано
Имено, неодамна Медоу Вокер објави фотографија на својот инстаграм-профил на кој 23-годишната манекенка се гледа со хируршка капа и наметка, а на нејзиното лице има необични лепенки кои посочуваат дека таа била на медициско испитување.
Но написот кој ја потпишува објавата кажува повеќе за ситуацијата: тоа е фотографија од пред 2 години, а таа на тогашната 21-годишна возраст се борела со тумор.
View this post on Instagram
Медоу Вокер всушност објавила фотографија која ја направила пред хируршкиот зафат во 2019 година, а сега, две години подоцна, јавно му кажа збогум на туморот.
„Пред 2 години на денешен ден. Изминав многу долг пат. Збогум тумору. Благословена и благодарна“, напиша Медоу во забавна рима.
View this post on Instagram
Кумот на Медоу, Вин Дизел, кој глумеше заедно со нејзиниот татко во сагата „Брзи и бесни“ искоментира на објавата со „емоџи“ од молитвени раце.
Манекенката Кристи Тарлингтон пак, ѝ понуди охрабрување и поддршка.
View this post on Instagram
Медоу ја објави пораката на социјалните мрежи само пар недели откако се венчаше со актерот Луис Торнтон-Алан, во церемонија на која до олтарот ја донесе токму Вин Дизел.
Во меѓувреме, Вин неодамна зборуваше за неговата врска со Медоу.
„Таа добро се грижи за мене… Таа е првата личност на Денот на таткото што ми го честита Денот на таткото. Кога ја гледам со моите деца е една од најубавите работи. Има моменти кога ја гледам како си игра со Полин и тоа ме погодува толку длабоко затоа што можам само да замислам што гледа мојот брат кога го гледа тоа… Се чувствувам многу заштитнички. Тоа оди подалеку од филмот. Целата поента на сагата „Брзи и бесни“ е идејата дека братството може да се создаде со врска, а не со крв“, изјави Дизел.
View this post on Instagram