Уште една недела може да се аплицира за локации за поставување подвижни „продавнички“ во Центар

Фото: Општина Центар

Општина Центар ги потсетува граѓаните дека сѐ уште е активен јавниот повик за користење локации за поставување подвижни објекти и апарати на подрачјето на општината.

Подвижните апарати за продажба на сладоледи, пијалаци, пуканки, крофни, палачинки и други производи, ќе може да се поставуваат на 14 атрактивни и фреквентни локации во Центар и тоа на Сквер Јадран, пред Македонска опера и балет, во Паркот на Франкофонија, кај Порта Македонија, кај паркот „Жена борец“, во ГТЦ, пред административната зграда на Општината и кај Рекорд.

Целосната листа на сите локации со координати, заинтересираните може да ја најдат на општинската веб-страница.

Станува збор за специјализирани возила за улична продажба, со должина од 4 метри, висина до 3 метри, поставени на површина до 16 квадратни метри, во што влегува подвижниот објект, подвижниот апарат или друга направа, манипулативниот простор и урбаната опрема (канта за отпадоци). Учесниците на повикот треба да имаат регистрирано дејност во Централниот регистар. Должни се да поднесат потврда за исполнети технички услови за вршење на дејноста, опис и фотографија на подвижниот објект што ќе го користат и уплатница од 1.000 денари на сметка на Општина Центар. За поднесените барања ќе важи принципот „прв дојден – прв услужен“ – информираат од Центар.

Рокот за поднесување на пријавите е до 14 март, а барањата се доставуваат во Архивата на Општина Центар, секој работен ден од 9 до 15 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот