Уште 67 заразени со коронавирус на крузерот „Дајмонд принцес“

Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS

Уште 67 лица на крузерот „Дајмонд принцес“, вкотвен во близина на јапонското пристаниште Јокохама, се позитивни на новиот коронавирус, соопшти денеска јапонскиот министер за здравство, Кацунобу Като.

Со тоа бројот на заразени на бродот, на кој има околу 3.700 патници и членови на екипажот, се зголеми на 286 лица.

Крузерот е во карантин од 4 февруари, откако беше откриено дека патник, кој слезе од бродот во Хонгконг, бил заразен со новиот коронавирус.

Претходно, Стејт департментот соопшти дека ќе ги евакуира околу 380 Американци од крузерот „Дајмонд принцес“, откако ќе биде укинат карантинот на 19 февруари.

Засега, Министерството за здравство има информација за двајца наши државјани што се позитивни на коронавирус, еден член на екипажот на јапонскиот крузер хоспитализиран во јапонска болница, но со лесна клиничка слика и уште една наша државјанка која е во изолација во болница во Франција. За нивното враќање дома Министерството за здравство ќе биде навремено известено од тамошните власти, по што ќе бидат преземеме сите потребни мерки.

Македонецот заболен од корона со послаби симтоми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот