фото: EPA-EFE/JASON SZENES

УС Опен: Заврши бајката на Пиронкова, Вилијамс со пресврт до полуфинале! (ВИДЕО)

Серена Вилијамс имаше 20 аса и сега ја чека победничката од мечот Викторија Азаренка (Белорусија)-Елиз Мертенс (Белгија), закажан за 01.00 часот по полноќ.

Третпат по ред, американската тенисерка Вилијамс направи пресврт на грен слем турнирот „УС Опен“, а сега успеа да се пласира во ново полуфинале на најголемите натпреварувања.

Најдобрата тенисерка на сите времиња во третото коло го загуби првиот сет против Слоун Стивенс, во осминафиналето имаше брејк минус во третиот сет, а денеска Цветана Пиронкова од Бугарија го доби првиот дел од играта со 6:4, а потоа на стартот на вториот направи брејк.

Тоа не помогна, бидејќи Американката како една од главните фаворитки за титулата годинава славеше со 4:6, 6:3 и 6:2. Серена нејзината последна 23 грен слем титула ја освои во јануари 2017 година на „Австралија опен“.

Оттогаш Вилијамс ја брка 24 „круна“, со која би се израмнила со рекордерката Маргарет Корт, а дури четирипати беше запрена на последната пречка, двапати на „УС Опен“ во 2018 загуби од Наоми Осака, а лани од Бјанка Андреску.

И сега би можела да ги одмери силите против Јапонката Осака која во полуфиналето ќе игра против Џенифер Брејди (САД).

За Пиронкова „УС Опен“ е завршен, но таа дефинитивно останува хероина. За нејзе ова беше прв турнир после три години и два месеци после повредата на рамото и мајчинската пауза, а сега во Њујорк го направи најголемиот успех.

Позната првата полуфинална двојка кај мажите, нова рутинска победа на Осака

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!