1 C
Скопје

Позната првата полуфинална двојка кај мажите, нова рутинска победа на Осака

Во првото полуфинале на УС Опен кај мажите ќе играат Александер Зверев и Пабло Карењо Буста.

Германскиот тенисер кој е петти носител на грен слем турнирот во Њујорк во четвртфиналето го совлада Хрватот Борба Чориќ во четири сета и тоа со 1:6,7:6,7:6,6:3. Зверев до своето второ грен слем полуфинале, а прво во Њујорк дојде по три часа и 24 минути игра.

Ова беше петти меѓусебен дуел помеѓу Зверев и Чориќ, и втора победа за германскиот тенисер.

Негов противник во полуфиналето ќе биде Пабло Карењо-Буста кој во маратонски меч кој траеше пет сета го победи Денис Шаповалов со 3:6,7:5,7:6,0:6,6:3.

Кај дамите, четвртата носителка Наоми Осака ја оправда фаворитската улога и во два сета со 6:3,6:4 за 79 минути ја победи домашната тенисерка Шелби Роџерс и се пласира во полуфиналето.  Ова е второ полуфинале за Осака во Њујорк, а во првото таа успеа да дојде до крајот и во 2018 година да ја освои титулата.
Интересно е што секој пат кога Осака ќе обезбеди пласман во полуфиналето на грен слем турнир, таа ја освојува титулата, а тоа се случи и на Австралија Опен минатата година.

Прочитајте и...  Мбапе: Доколку го продолжам договорот, ќе останам уште многу години во Париз

Нејзина противничка во борбата за финалето ќе биде 41. тенисерка на ВТА ранг листата, Џенифер Брејди која во четвртфиналето беше поуспешна од Јулија Путинцева со 6:3,6:2.

Поврзани вести

УФЦ: Конор нокаутиран, Поирие го испрати Мекгрегор не „спиење“ во втората рунда.

Слободен печат

ВИДЕО: „Кралска“ вечер, Реал потсети на најдобрите денови!

Слободен печат

СП: Данска во четвртфинале, Јакобсен блескаше против Јапонците!

Слободен печат

Червар после дебаклот: Време е друг човек да ја води Хрватска!

Слободен печат

ВИДЕО: Милан шокиран, Несторовски не доби шанса против Интер!

Слободен печат

Тежок удар за Хрватите, сега и победа над Данска не им гарантира четвртфинале

Слободен печат

Остави Коментар