Управниот суд пресудил во полза на „Еуромакс” за рудникот Иловица

Фото: Принтскрин МИА

Истовремено, како што информираат од Судот, се работи за предмет кој е од итен карактер и треба да се постапува за време на траење на вонредната состојба.

Управниот суд денеска на својата веб страна ја објави пресудата за рудникот „Иловица”. Судечкиот совет на Управниот суд на 31 март донел пресуда за уважување на тужбата на компанијата „Еуромакс“ која сака да гради рудник во селото Иловица. Ваквиот тек на настаните доаѓа откако компанијата во октомври минатата година поднесе тужба до Управниот суд против решението донесено од Второстепената државна комисија, која ја одби жалбата на „Еуромакс“.

– Поради покажаниот голем интерес на медиумите, а со цел објективно информирање на јавноста  во врска со поднесената тужба од тужителот Друштво за производство, промет и услуги „Еуромакс Рисоурсес” ДОО Скопје изјавена против решението на Државната комисија УП.број 0810 – 102 од 5 9 2019 година, Управниот суд ја извесува јавноста дека од страна на судот е донесена пресуда У-6 број 575/2019 од 31.03. 2020 година, се наведува во соопштението од Судот.

Истовремено, како што информираат од Судот, се работи за предмет кој е од итен карактер и треба да се постапува за време на траење на вонредната состојба.

– Со донесената одлука од страна на Управниот суд предметот е вратен на повторо одлучување поради процесни неправилности (постоење на претходно прашање за главната работа), додека за главната работа по предметниот спор постапката е во тек, се наведува во соопштението.

Од Судот велат дека наведената одлука е уредно доставена до странките во управниот спор, полномошникот на тужителот и тужениот орган и истата е објавена на веб страната на Управниот суд, а сето тоа согласно Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба и постапувањето на судовите и јавните обвинителства (Службен весник на РСМ број 84/2020), рокот од 15 дена започнува да тече од денот на престанувањето на вонредната состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот