Фото: илустрација

Упасени се тројца мажи во Белград: Од „голф“ во „ауди“ преместувале 20 килограми дрога

Тројца мажи денеска биле уапсени во населба во Белград во голема акција на полицијата и обвинителството, кога биле фатени како си предаваат 20 килограми марихуана, објави Нова.рс.

„Припадници на полицијата, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград, запленија околу 20 килограми марихуана и ги уапсија И. Х. (34), Д. П. (25), двајцата од Белград, и М. П. (36), државјанин на Црна Гора, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги“, објави српското МВР.

Полицијата ги уапси осомничените додека си ја предавале дрогата, која се наоѓала во автомобилите што ги користеле, а ги запленила и двете возила, „голф“ и „ауди“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот