Уништувањето на шумите во Амазон е значително намалено

Амазон
Прашумите на Амазон/ Фото: EPA-EFE/Joedson Alves

Бројот на уништени дрвја во тропските шуми во Бразил и Колумбија драматично падна минатата година поради политичките промени и акции, според најновата анализа на Би-Би-Си.

Во анализата се вели дека новоизбраните политичари им дале приоритет на животната средина, особено во бразилскиот Амазон, каде што уништувањето на шумите е намалено за неверојатни 39 проценти.

Сепак, зголемената сеча и пожарите во Боливија, Лаос и Никарагва избришаа многу од овие позитивни ефекти. Глобалната загуба на дрвја е зголемена за дури 25 отсто, главно поради големите шумски пожари во Канада. Интензивните, долготрајни шумски пожари кои беснеат низ Канада предизвикаа пет пати повеќе загуби на дрвја во 2023 година отколку претходната година.

Пожарите во северните шумски области имаат огромно влијание врз целокупната глобална слика за губење на дрвјата, според аналитичарите од лабораторијата ГЛАД на Универзитетот во Мериленд и Институтот за светски ресурси (ВРИ), кои објавуваат годишни податоци за уништувањето на шумите.

Сепак, намалувањето на уништувањето на шумите во тропските региони е најважната мерка кога станува збор за климатските промени.

На локации како Амазон, овие шуми складираат огромни количества јаглерод, што е клучно за напорите да се ограничи порастот на глобалните температури. Овие тропски региони со години се под товар на масовно уништување на шумите.

И покрај тоа, со доаѓањето на новиот бразилски претседател Лула, направени се големи напори да се намали сечењето на шумите на Амазон, а резултатите се видливи. Веќе во 2022 година стапката на уништување на шумите е намалена за 36 отсто, а оваа година исто така е зголемена. Но, Бразил сè уште е одговорен за повеќе од 40 проценти од глобалното уништување на тропските шуми, а стапките на губење на дрвјата се сè уште повисоки отколку во раните 2010-ти, така што новата бразилска администрација има многу работа да заврши.

Колумбија исто така се придвижи во позитивна насока како и Бразил, но некои други тропски земји како Лаос, Никарагва и Индонезија ја зголемија стапката на уништување на шумите првенствено поради поинтензивното земјоделство.

Научниците велат дека на светот му остануваат уште само шест години да го исполни ветувањето дека ќе престане со уништувањето на шумите.

„Овој извештај соодветно нè предизвикува да ги балансираме очајот и надежта во исто време“, рече д-р Ендрју Стир, претседател и извршен директор на Фондот за Земјата Безос.

„Алармантно високите стапки на глобално уништување на шумите не потсетуваат колку далеку сме застраниле од вистинскиот пат во решавањето на климатските и природните кризи“, заклучи Стир, додавајќи дека акцијата е неопходна и неизбежна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот