
Унгарските пратеници се скараа за Груевски
Денешната расправа во унгарскиот Парламент се претвори во дебата за екс-премиерот Никола Груевски, откако опозицијата ја обвини власта дека му помогнала да избега од правдата.
Препорачано
Опозициската пратеничка Агнес Вадаи постави прашање за целта на тајните средби со Груевски, споменувајќи го состанокот со него на заменик државниот секретар во унгарското МНР во еден стан во Будимпешта.
На ова, министерот за надворешни Сијарто реплицираше дека со Груевски комуницираат за да добијат, како што вели, најавтентични информации за тоа што се случува на Западен Балкан, со оглед на неговото 10 годишно искуство како премиер.
– Ние регуларно разговараме со него, рече Сијарто и додаде дека не е важно каде се одржуваат средбите.
На забелешките на опозицијата дека Груевски е осуден за корупција, Сијарто реплицираше дека станува збор за двојни стандарди бидејќи и актуелниот премиер Зоран Заев бил обвинет за корупција, но добил помилување од претседателот на државата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
27мин
-
28мин
-
31мин
-
45мин
-
50мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5