Унгарија забрани извоз на горива

Виктор Орбан
Виктор Орбан / EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан нареди забрана за извозот на некои горива и го укина долгогодишното ограничување на цените на комуналните услуги за домаќинствата со поголема употреба, пренесува Ројтерс.

Мерките, со кои се планира да се зголеми домашното производство на гас, ќе започнат од август, пред сѐ за да се обезбеди континуирано снабдување со енергија за оваа зима, рече шефот на кабинетот на Орбан, Гергели Гуљас.

Испораката на гас во Европа е драстично намалена по руската инвазија на Украина, а меѓу главните причини поради тоа се западните санкции кои ги воведоа земјите против агресорот.

Ваквата криза го стави премиерот Орбан под голем притисок, а многумина експерти сметаат дека ова е најголем предизвик за него откако е на власт од 2010 година. Инфлацијата во Унгарија достигна највисоко ниво во последните две децении, а проблемите во кои тој постојано влегува со ЕУ му наметнуваат дополнителна главоболки на Орбан.

„Дојде време за Владата да прогласи вонредна состојба во енергетиката“ вели Гуљас.

Унгарија лани потпиша 15-годишен договор со рускиот гигант Гаспром, а годишно прима 3,5 милијарди кубни метри гас од Бугарија и Србија, со дополнителни 1 милијарда кубни метри гас од Австрија.

Министерот за надворешни работи на земјата, Петер Сијарто претходно изјави дека Будимпешта била во преговори за снабдување со поголеми количества гас пред почетокот на летото и покрај долгогодишниот договор кој го потпиша со Москва, која испорачува 85% од вкупниот гас на Унгарија.

Гуљас пак, вели дека снабдувањето со гас на Унгарија е непречено, а какви било идни ограничувања, доколку бидат потребни, ќе влијаат врз домаќинствата како последна опција.

Економистите од „Вуд и ко.“ сметаат дека Унгарија е најизложената централна европска земја на потенцијален недостиг на енергија, што би можело да изврши дополнителен притисок врз унгарската форинта, валутата со најлоши резултати во централна Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот