Фото: EPA/Peter Powell

Умут Мелер ќе го суди мечот во Гент меѓу Белгија и Македонија

Во петок (10 октомври) со почеток од 20.45 часот македонската фудбалска А репрезентација во Гент ќе игра против Белгија во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Ова е еден од клучните натпревари за избраниците на селекторот Благоја Милевски во обидот да се испише историја, за прв пат да се обезбеди пласман на Мундијал.

Нашите најдобри фудбалери ги започнаа подготовките во Скопје, ги одржуваат тренинзите пред патувањето за Белгија каде ќе ја добијат поддршката од голем број македонски навивачи и дека за нив ќе биде организиран официјална фан-зона.

УЕФА во меѓувреме објави дека Халил Умут Мелер од Турција ќе биде главен судија на натпреварот Белгија – Македонија.

Асистенти на Мелер ќе бидат неговите сонародници Абдулах Озкара и Берсан Дуран, а четврти судија е Кадир Саглам, исто така од Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот