Улиците во полошко како трки за формули, за девет месеци казнети речиси 9000 возачи кои возеле брзо

Во последниве девет месеци од годинава најчести причини за случените сообраќајни несреќи на поширокото тетовско подрачје се неприлагодена брзина според условите на патот (172 несреќи), неправилно вршење на дејствие (158 несреќи), недавање на првенство (97) и така натаму. Во овој период најголем бил и бројот на преземените мерки за пречекорување на максимално дозволената брзина (вкупно 5714), што само потврдува дека возачите во значителен број неодговорно и ризично се однесувале во сообраќајот кога станува збор на брзината и негативно влијаеле на севкупната сообраќајна безбедност на подрачјето.

„Слична е состојбата и на гостиварското подрачје, каде во деветте месеци била изречена 3161 мерка за неприлагодена брзина, односно за возење со поголема брзина од пропишаната, пред се на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и магистралниот пат Гостивар-Кичево, но и на околните регионални патишта.А, дури 112 од несреќите, инаку биле последица на неприлагодена брзина, 53 на неправилно вршење дејствие и друго“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово, велат дека ќе продолжат со континуирани активности на планот на откривање и санкционирање на пребрзите возачи, зашто токму неприлагодената брзина речиси во најмногу од несреќите резултирала со мошне сериозни последици по учесниците во сообраќајот и со голема материјална штета.

Оттаму, повторно се апелира до возачите да се придржуваат на важечките ограничувања, правила и прописи кои се однесуваат на дозволената брзина согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот