Украинскиот енергетски систем стабилизиран, нема потреба од увоз на електрична енергија

Фото: илустрација/принтскрин

Енергетскиот систем на Украина, кој беше силно погоден од руските воздушни напади во последните недели, сега е целосно стабилизиран и не се очекува да има потреба од увоз на електрична енергија, соопшти Министерството за енергетика во Киев.

Увозот на електрична енергија во Украина достигна рекордно високо ниво на крајот на март, после серијата руски ракетни напади врз критичната инфраструктура кои предизвикаа прекини на струја во многу делови од земјата.

Од 22 март, руските сили речиси секојдневно ги напаѓаат украинските термо и хидроелектрични централи, како и важни електрични мрежи, што доведува до прекини на струја.

Володимир Кудрицки, извршен директор на националната енергетска компанија Укренерго, минатата недела изјави дека руските напади предизвикале значителна штета на електроенергетскиот систем, но не се очекува целосен колапс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот