Украински министер осомничен во антикорупциска истрага

Украинската антикорупциска полиција соопшти дека министерот за земјоделство Микола Солски е осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување државно земјиште во вредност од седум милиони долари.

Солски, кој го надгледуваше производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, истакна дека не разбира зошто сега се појавиле наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.

– Не се согласувам со обвинувањата, рече тој.

Украинската национална канцеларија за борба против корупцијата соопшти дека Солски го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра.

Солски е првиот министер во Владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.

Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а лани го разреши својот министер за одбрана поради обвинувањата за примање мито поврзано со одбранбената индустрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот