Украинската армија се повлекува од Северодоњецк

Северодонецк / борби / Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Украинските сили добија наредба да се повлечат од Северодонецк на истокот на земјата, каде што се водат жестоки битки со руската армија, соопшти денеска регионалниот гувернер.

„Украинските вооружени сили ќе мора да се повлечат од Северодонецк. Тие добија таква наредба“, изјави на својот налог на социјалната мрежа Телеграм Серхи Гајдаи, гувернер на Луганск, регион во кој се наоѓа овој стратешки важен град.


Северодонецк, во источна Украина, веќе неколку недели е главниот регион на вооружени судири меѓу украинската армија и руските сили и и проруските сепаратисти.

„Веќе нема смисла да се остане на позиции кои постојано се гранатирани со месеци“, додаде Гајдај.

Тој рече дека „сета основна инфраструктура е уништена, дека 90 проценти од градот е оштетен и дека 80 проценти од зградите се оштетени до тој степен да ќе мора да се урнат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот