Украинската армија се подготвува за улични борби во Артјомовск

Војници во Киев / Фото: К. Атовска, Слободен печат, Утрински брифинг

Офицерот на милицијата на самопрогласената Луганска народна република Андреј Марочко денеска изјави дека „трупите на режимот во Киев, стационирани во градот Артјомовск (Бахмут), ги утврдуваат своите позиции за улични борби. Како што додаде Марочко, украинските војници се вклучени во активни подготовки за борби во градот.

„Видени се како подигнуваат утврдувања, прават упоришта и копаат ровови. Прават и бункери во становите на цивилите. Подрумите на заедничките простории се користат како складиште за оружје“, изјави Марочко за ТАСС.

Украинската армија вклучи цивили, меѓу кои и жени, во копањето ровови, посочува Марочко.

„Тие се принудени да работат под закана, но има примери кога цивилите се платени со храна и хигиенски средства, кои ги обезбедуваа меѓународните хуманитарни организации“, додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот