Олександр Сирски и Володимир Зеленски / Фото: Ukraine Presidential Press Servi / Zuma Press / Profimedia

Украинската армија минатиот месец 70 пати извршила напади врз руска територија

Во септември, Украина ја нападнала  руската територија 70 пати, изјави денес Врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Александар Сирски.

„Го уништуваме производството на гориво и мазива, експлозиви и други компоненти на рускиот воено-индустриски комплекс во земјата агресор“, напиша Александар Сирски во објава на Фејсбук.

Според него, рафинирањето на нафта во Русија е намалено за 21 процент.

Во среда, на состанокот со претседателот на Украина Володимир Зеленски, Сирски изјави дека, од почетокот на контраофанзивата на украинските сили во Добропоље, руските сили изгубиле дури 12.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот