Украинците собориле над дваесет руски дронови во текот на ноќта

Украина дронови / Фото EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Украинската армија утринава соопшти дека во текот на изминатата ноќ руските сили повторно лансирале десетици беспилотни летала врз Украина, а повеќето од нив се соборени.

Русија употребила 28 беспилотни летала од типот „Шахед-136/131“, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина на својата Фејсбук страница.

Според информациите на армијата, само четири непријателски беспилотни летала не се уништени, пренесува Униан.

Во текот на ноќта во главниот град Киев се слушнаа експлозии, а против беспилотните летала дејствуваа силите на украинските сили за воздушна одбрана, соопшти армијата.

Остатоците од погодените дронови паднаа во областите Соломенски, Дарнички и Голошејевски и притоа беа оштетени станбени згради. Според првичните информации две лица се повредени, од кои едното е хоспитализирано.

Според Униан, нема извештаи за жртви во овој напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот