Украина: Уште речиси 500 цивили евакуирани од Мариупол

Евакуација на цивили од Азовстал, Фото: Profimedia

 Уште речиси 500 цивили се евакуирани од Мариупол, откако започна операцијата предводена од Обединетите Нации (ОН), вклучувајќи и лица од опколената фабрика за челик Азовстал, јави Би-Би-Си.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак ја нарече евакуацијата „комплексна операција” и нагласи дека Украина ќе продолжи да прави сè што може „за да ги спаси сите цивили и војската”.

Тој на Телеграм им се заблагодари на ОН.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук најави дека евакуациите од Мариупол денеска ќе се фокусираат на оние кои се заглавени во фабриката Азовстал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот