Украина тврди: Руските сили погодиле товарен брод во пристаништето во Мариупол

Украински војник во пристаништето во Мариупол/Фото; EPA-EFE/SERGEY VAGANOV

Трговски брод под странско знаме бил погоден од руски проектил во опколениот јужен украински пристанишен град Мариупол, изјави денеска украински официјален претставник.

Машината на товарниот брод Азбург под знаме на Доминика бил погоден од проектил истрелан од руската морнарица во понеделникот вечерта, изјави заменик-шефот на Украинската поморска управа Виктор Вишнов.

„Бродот изгоре и сите 12 членови на екипажот беа евакуирани на друг брод. На еден член на екипажот му беше потребна медицинска помош и тој беше евакуиран“, изјави тој за Ројтерс. Тој рече дека не знае дали бродот превезувал некаков товар.

Британската безбедносна компанија Ambrey Intelligence објави дека бродот пристигнал во Мариупол на 23 февруари и не можел да ги напушти украинските води поради затворањето на пристаништето.

Украина соопшти дека се подготвува да повика околу 60.000 руски резервисти да ја засилат офанзивата на Москва кон исток, каде главни цели на Русија се Мариупол и Харков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот