Украина: Русите пукаат во нуклеарен истражувачки реактор

украински војници украина киев
Украинска војска/ Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Украинскиот парламент на Твитер објави дека руските сили пукаат во нуклеарната истражувачка централа во Харков.

„Во моментов е невозможно да се процени степенот на штетата предизвикана од судирот кој не завршува во близина на нуклеарната централа”, се вели во твитот во кој украинскиот парламент се повикува на државниот нуклеарен регулаторен инспекторат.

Според украинскиот Киев Индипендент, руски гранати го погодиле харковскиот институт за физика и технологија, во кој се наоѓа реактор за нуклеарни истражувања.

Претходно овој месец руски гранати го погодија теренот на Институтот за физика и технологија. Генералниот директор на таа институција тогаш изјави дека јадрото во кое се наоѓа нуклеарното гориво останало недопрено.

Харков, вториот по големина град во Украина, ги доживеа некои од најжестоките бомбардирања од почетокот на руската инвазија на 24-ти февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот