Украина: Русија се подготвува за евентуална летна офанзива

Шефот на британските вооружени сили смета дека Русија изгубила околу 2.500 тенкови во Украина, поради што од магацините се вади старото советско оружје. / Извор: Tangosix

Русија подготвува 100.000 војници за потенцијална нова офанзива во Украина ова лето или за пополнување на исцрпените единици, изјави денеска командантот на копнените сили на Украина, генерал-полковник Олександр Пављук.

„Тоа нужно нема да биде офанзива, можеби ќе ги надополнат единиците кои ја загубија борбената способност, но постои можност на почетокот на летото да имаат некои сили за извршување офанзивни операции“, посочи Пављук.

Претходно и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу најави дека до крајот на годината предвидено е зголемување со две нови армии 30 нови формации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот