Украина: Русија ќе нападне неочекувани места ова лето

Неексплодирана руска муниција на фронтот кај Хостомел - Фотографија ЕПА, Олег Петрасјук

Руските вооружени сили ќе нападнат неочекувани места од линијата на фронтот за време на нивната офанзива во Украина ова лето и ќе се обидат да напредуваат кон североисточниот украински град Харков, изјави денеска командантот на Националната гарда на Украина, Олександр Пивненко, пренесе МИА.

„Се подготвуваме. Да, непријателот ќе ни приреди непријатни изненадувања. Тој ќе дејствува во области каде што не очекуваме. Но, нема да ја постигне својата цел“, изјави Пивненко за украинскиот медиум Liga.net.

Според украинските власти, Русија ќе напредува кон крајот на пролетта или летото, додека Киев верува дека Москва сака да го освои важниот источен град Часов Јар до 9 мај, кога го слави денот на советската победа во Втората светска војна.

Пивненко додаде дека се предвидува дека украинските сили ќе доживеат „некои тешкотии“, но според него Русија нема да има решавачки освојувања на украинска територија.

„Можеби ќе успеат да постигнат 10-15 отсто од своите цели. Но, ова нема да биде стратешка победа“, изјави командантот на Националната гарда на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот