Украина почна да евакуира граѓани северниот регион Суми

Бегалци од Украина,

Украинските власти започнаа евакуација на селата во северниот регион Суми што се граничи со Русија поради долготрајните силни руски гранатирања во областа, соопштија локалните власти.

Подрачната воена управа на социјалната мрежа „Телеграм“ напиша дека во последните три дена од подрачјето на пограничната општина Великописарска се евакуирани повеќе од 180 жители, пренесува БТА.

Властите во Суми соопштија дека руските гранатирања во изминатите денови се интензивирани. Ситуацијата е „најтензична“ во областите каде што се врши евакуацијата, бидејќи во последните пет дена загинале три лица, а 13 се повредени.

Досега, вкупно над 4.500 луѓе се евакуирани од 22 села во регионот Суми.

Великописарска се наоѓа на неколку километри од селото Козинка, преку границата со Русија, каде што локалните власти на почетокот на неделава соопштија дека е предизвикана сериозна штета по упадот на вооружени групи од Украина на руска територија. Припадниците на вооружените групи тврдат дека се Руси кои се противат на Кремљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот