Украина отвори кривична постапка за руските ракетни напади

Фото: Smoliyenko Dmytro/Ukrinform/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Украинскиот јавен обвинител Андриј Костин денеска изјави дека неговата канцеларија отворила кривична постапка за руските ракетни напади врз Киев и други украински градови оваа недела.

Костин ги опиша нападите, кои се случуваат од понеделникот, како „класичен терористички чин” на Русија, говорејќи на заедничката прес-конференција со обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан во Хаг.

Тој рече дека 17 лица загинале, а 93 се повредени во повеќе од 112 руски ракетни напади, што е најголемата воздушна офанзива на Москва од почетокот на инвазијата на 24 февруари.

– Целта на намерните напади на Русија е да предизвикаат смрт на цивили и да ја уништат цивилната инфраструктура и да предизвикаат хуманитарна катастрофа со недостиг на електрична енергија и греење. Заедно со тактиката на заплашување на цивилите, ова е класичен терористички чин забранет со меѓународното право. Секоја смрт и повреда или оштетена зграда ќе биде документирана и ќе се покрене кривична постапка, рече тој.

Засега нема коментар од Руското Министерство за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот