Украина го повика Црвениот крст да го посети озлогласениот затворски логор Оленивка

Доњецк логор/ Фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Украинските власти го повикаа Црвениот крст да спроведе мисија во озлогласениот затворски логор во источниот дел на земјата окупиран од Русија, пишува Би-Би-Си.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, побара Црвениот крст да го посети затворот Оленивка во Доњецк во рок од три дена.

„Едноставно не можеме да губиме повеќе време. Во прашање се човечки животи“, напиша тој на Твитер.

Минатиот месец Црвениот крст се обиде да обезбеди пристап до кампот, но рече дека тоа било одбиено од руските власти.

Затворот Оленивка е под контрола на властите во Доњецк поддржани од Русија од 2014 година, а се вели дека условите се исклучително лоши.

Во јули, десетици украински затвореници беа убиени во експлозии во логорот, за кои двете страни се обвинуваат една со друга. Киев рече дека затворот бил цел на Русија за да ги уништи доказите за тортура и убиства, додека Москва ги обвини украинските ракети. Без независна истрага, сепак, вистината останува непозната.

Кој стои зад масакрот во Оленивка?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот