Украден автомобил со дете на задното седиште во центарот на Загреб, детето е најдено полицијата трага по крадецот

Хрватска полиција
Полиција, Хрватска / Фото: Профимедиа/Илустрација

Непознат маж украл автомобил во Загреб со дете на задното седиште, а полицијата се уште ги утврдува сите околности на кражбата што се случила вчера околу 17 часот на Максимир и трага по крадецот. Како што пишува Дневник.хр, автомобилот бил украден вчера попладне на улицата Буковачка.

Глетката на преплашениот маж кој трча по автомобилот не ја пропуштиле неколку минувачи, а за Дневник.хр сведочела жена која случајно се нашла на местото. Таа изјавила дека таткото го оставил автомобилот да работи пред пекарницата.

„Ги вклучи сите четири трепкачи. Влезе во пекарницата, а неговото невнимание го искористи крадец кој го украде автомобилот, но со дете на задното седиште. Во целосен шок сум“, изјавила жената.

Детето набрзо било пронајдено неповредено недалеку од пекарницата, а истрагата е во тек, како и потрагата по избеганиот крадец, велат од полицијата за Дневник.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот