Украден автомобил на жител од Дебар

Полиција / Фото: МИА

Жител од Дебар бил измамен откако од него било побарано да го изнајми својот автомобил а потоа лицето на кое возилото му било изнајмено не го вратило возилото, информират од МВР.

Полицијата во Дебар поднесе кривична пријава против лицето Џ.С.(43) од скопското село Шишево поради сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Тој, на 09.01.2021 го довел во заблуда Д.М. од Дебар, од кого претходно изнајмил возило „БМВ X5“.

По истекување на договорот за изнајмување, пријавениот не му го вратил возилото на оштетениот со образложение дека му го одзеле лица на кои наводно им должел пари.

По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека пријавениот направил фалсификуван купопродажен договор во кој прикажал дека оштетениот му го продал возилото. Потоа, го одјавил и го продал на лице од Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот