УЈП ќе објави докази за компании од нафтениот сектор кои затајувале данок

Фото: МИА

Управата за јавни приходи денеска ќе одржи брифинг на кој ќе ги презентира доказите со кои располага околу малверзации кои ги правеле нафтени компании во земјава.

Даночните инспектори, како што соопштија од УЈП, им влегле во трагот и им го откриле начинот како го изигрувале системот и затајувале данок.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, во емисијата Трилинг на ТВ 24 соопшти дека не може да објави конкретни имиња на фирми бидејќи се работи за даночна тајна регулирана во законот за даночна постапка.

„Ќе ја испрезентираме таа мрежа на нафтени компании која што е во соодветен дослух со бензиски пумпи и врз основа на тоа ќе видиме како всушност сакале да го изиграат системот, да испумпаат од буџетот фиктивен ДДВ за штто ние навремено сме алармирале, сме постапиле опсежна анализа и процедура имаме направено, со попис и детална анализа на сите фактури,што бле дел од тие деловни односи и детална анализа на физичките лица кои стојат зад тие бензиски пумпи, “ рече Лукаревска посочувајќи дека сето тоа ќе биде презентирано на брифингот со новинари во понеделник.

Лукаревска открива: Постои мрежа на нафтени компании кои сакале да го изиграат системот и да испумпаат пари од буџетот

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека буџетот и граѓаните се оштетени, а УЈП требало да ги провери милионските фактури, кои биле фиктивни, а врз основа на кои исплаќала милиони на фирми кои немале никаков имот.

Од кого сега Лукаревска ќе ги поврати парите на граѓаните? Народот кој го полни буџетот е оштетен, парите наместо за нови училишта или медицински апарати завршиле во нечии џебови – додаваат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот