УЕФА ги објави тројцата кандидати за најдобар фудбалер во Европа

Белгиецот Кевин де Брујн е меѓу тројцата кандидати за признанието од УЕФА/Фото: EPA-EFE/Wolfgang Rattay

Европската фудбалска куќа (УЕФА) на својата веб-страница ги објави имињата на тројцата преостанати кандидати за фудбалер на годината во Европа.

Белгиецот Кевин де Брујн (Манчестер сити), Италијанецот Жоржињо и Французинот Н’Голо Канте (двајцата од Челси) останаа во игра за престижната награда, која ќе биде доделена на 26 август во текот жрепката за групите во Лигата на шампионите.

Тројцата најдобри Европејци ги избраа селекторите на 24 репрезентации од Европското првенство, 80 тренери на клубови кои играа во групната фаза од Лигата на шампионите и Лига Европа и 55 новинари, по еден од секој член на УЕФА.

Во конкуренција за најдобра фудбалерка во Европа останаа Лике Мартенс од Холандија, Хенифер Хермосо и Алексија Путелас од Шпанија.

Шпанецот Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), италијанскиот тренер Роберто Манчини и Германецот Томас Тухел (Челси) останаа во игра за признанието за тренер на годината.

Доделувањето на наградите ќе се одржи следниот четврток во Истанбул, Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот